Слободни повеќе од 9.900 места на скопскиот универзитет „Св. Кирил и Методиј“

0
61

Вкупно 9.921 места за нови студенти се слободни на 23 факултети во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје (УКИМ).

Од нив, 4.761 места се за редовни студенти во државната квота, 4.210 места за редовни студенти кои ќе ги кофинансираат студиите и 950 места се за вонредни студенти.

Пријавувањето во првиот уписен рок е на 29 и 30 август.

Според Конкурсот што УКИМ го објави во јуни, како и во минатите години, најголем број слободни места има на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство-ФИНКИ (1.020), Природно-математичкиот факултет (1.030), Филозофскиот со 895 места, Филолошкиот факултет со 790, Правниот со 705 и Економскиот факултет со 700 слободни места.