(Видео) Депониите станаа мета на пиромани, гореше депонијата во струмичко Ново Село

0
49

Депониите стана мета на пироманите. Нивното палење е лесно поради различниот отпад што го имаат, но во исто време е тешко истиот да се изгаси од страна на пожарникарите.

„Вчера, околу 16.00 часот избувна пожар кај депонијата во Ново Село. ТППЕ Струмица со 2 ПП возила и 6 пожарникари-спасители веднаш излезе на лице место и презеде мерки најпрво да го спречи ширењето на пожарот на околните ридови а после тоа кон гаснење на истиот. Гаснењето на овие пожари е исклучително тешко поради големата количина на различен отпаден материјал“, се вели во објавата на струмичките пожарникари.