ВИДЕО: Изгоре единственото противпожарно возило на пожарната од Пехчево

0
104

Во големиот пожар во Пехчевско изгоре единственото возило на ДПД Пехчево објави заменик директорот на ЈП Национални Шуми Кире Михаилов. Пожарникарите се добро, објавија од пехчевската противпожарна.

За жал ни се случи голема катастрофа. Зафатено од пламените јазици ни изгоре единственото противпожарно возило на ДПД – Пехчево, за среќа колегите пожарникари се здрави и живи, се вели во објавата на социјалните мрежи.

– Еве ја вистинската слика за тоа што оставаат пламените јазици онаму каде ќе поминат. Ова е видео од противпожарното возило со кое денеска храбрите пожарникари се обиделе да му се спротивстават на новиот пожар над Пехчево. Среќа во несреќа е тоа што нема човечки жртви и учесниците во гаснењето поминале со помали изгореници, вели Михаилов во објавата на социјалните мрежи.