ЗЕЛС бара оставка од Арсовска, за одземање на ингеренциите треба време

0
80

Откако вчера советниците на ВМРО-ДПМНЕ не дозволија ниту набавка на нови автобуси, ниту воведувања на БРТ системот од мандатот на Шилегов.

Првиот човек на ЗЕЛС, Орце Ѓеоргиевски вели дека сите проблеми во Скопје ќе се решат ако градоначалничката Арсовска си поднесе оставка.

Оставка од градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска и да се оди на нови избори е решението за хаосот во главниот град, според првиот човек на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, бидејќи проблем нема само во јавниот превоз, туку во сите претпријатија под нејзина капа, а последиците се далекусежни. Ѓорѓиевски смета дека и да бидат исполнети барањата на Арсовска, не верува дека градот Скопје ќе има напредок и не штедеше зборови во критиките кон неа.

„За жал Скопјани се заложници во моментов на еден човек, кој што има проблем со себе. Тоа мора да го признаеме на кој што секој му е крив, освен прстот да го впери во себе си и да си го најде проблемот во себе си. За Скопје спас во моментов е доколку Арсовска си поднесе неотповиклива оставка. Арсовска нема поддршка ни околу нејзините соработници. Директорите на јавните претпријатија ги менува по неколкумина на шест месеци. Знаеме дека станува збор за една личност која е конфликтоман по природа и не сака да допринесе за развојот на градот“, рече Ѓорѓиевски.