Итно: Пожар во близина на Берово, потребна е помош од граѓаните

0
80

Денеска, во попладневните часови, избувна пожар во месноста викана Фета, која се наоѓа над туристичката населба Беровско Езеро, во близина на Берово. Пожарот, кој започна во шумски предел, брзо се шири поради силниот ветер, загрозувајќи го околното подрачје.

Локалните власти упатија итен апел до сите жители на Општина Берово и околината, да се вклучат во гаснењето на пожарот. Секој кој е во можност, се повикува да помогне на терен, заедно со пожарникарите кои веќе се на местото на настанот и се борат со огнената стихија.

„Почитувани граѓани, ситуацијата е сериозна и потребна е вашата помош. Ве молиме сите кои сте во можност, активно да се вклучите во гаснењето на пожарот и да помогнете на нашите храбри пожарникари во спречување на понатамошното ширење на огнот,“ се вели во соопштението од локалните власти.