Како може да избега од куќен притвор – Белград бара одговори од Скопје за бегството на Блерим Рамадани

0
88

Потпретседателот на владата на Србија и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ денеска изјави дека бегството на Блерим Рамадани од куќен притвор во Македонија е скандалозно, соопшти српското МВР, пренесува „Политика“.

„Станува збор за припадник на терористичката ОВК кој сторил злосторства над Србите на Косово и Метохија и кого Србија го бара да му суди. Бараме објаснување од државните органи во Северна Македонија како е можно некој кој е уапсен по наша, меѓународно важечка потерница, да побегне од куќен притвор. Или за албанските терористи воени злосторници не важи меѓународна правда и кога убиваат Срби се им е дозволено и простено“, изјави Дачиќ.