МАСАКР ВО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ВО БИХ

0
79

Три лица се убиени во гимназија во градот Сански Мост во Босна и Херцеговина

Според информациите од тамошните власти, мотивот за грозоморното убиство е претходно несогласување на домарот на училиштето со раководствтото кое откако покренало дисциплинска постапка, потоа и го суспендирало од работа.

Според очевидци на настанот, тој влегол во просториите на гимназијата со автоматска пушка со претходно утврдени мети, при што ги застрелал директорот, секретарката и професорката по англиски јазик.

Припадниците на полицијата во самиот објектот на гимназијата пронајдоа три убиени лица. Се работи за директорот на училиштето Н.Х, секретарката Н.К. и професорката Г.М, кои лицето со иницијали В.М. од автоматско оружје смртно ги застрелал. Потоа, се обидел да изврши самоубиство, нанесувајќи си тешки повреди опасни по животот.-Аднан Бегановиќ – Портпарол на МВР – Кантон Уна-Сана.