Мицкоски: Да не влегуваме во замката да бидеме вовлечени во предизборната реторика кај нашиот источен сосед

0
212

Во периодот што следи државата ќе се соочи со два крупни предизвици – обид на внатрешни структури за создавање нестабилност и обид од нашиот источен сосед да нѐ внесат во предизборната реторика, предупредува премиерот Христијан Мицкоски, апелирајќи до македонските граѓани, до политичарите, до оние коишто и мислат добро на татковината и на граѓаните да не наседнуваме на овие провокации.

Мицкоски, кој се наоѓа во прва официјална посета на Хрватска, уверува дека „ние си имаме наша стратешка цел и знаеме по кој пат треба да чекориме“.

Знаеме што треба да направиме, знаеме што очекуваат граѓаните од нас и треба да го испорачаме тоа што тие го очекуваат од нас и за тоа ќе треба да работиме секој ден жестоко, напорно и посветено и најбитно чесно… Така што, од овде од Загреб мојата порака е – ве молам да се стремиме кон тоа што е наш интерес, да не влегуваме во замката на интересите на поедини криминални структури внатре во земјата и да не влегуваме во замката да бидеме вовлечени во предизборната кампања и реторика кај нашиот источен сосед, изјави Мицкоски.

Оваа естрада, во која што, како што подвлече Мицкоски, ќе се обидуваат овие центри на моќ внатре, но и надвор од земјава да нѐ внесат „треба да ги гледаме одозгора, тие не го заслужуваат нашето внимание“.