Мицкоски за поткупот: Одлучив јавно да се борам против криминалот и корупцијата

0
55

Премиерот Христијан Мицкоски денеска за поткупот за Коридорот 8 изјави дека јавно ќе се бори против кирминалот и корупцијата во државата. Тој рече дека наскоро ќе иницира отворање на телефонска линија, каде што ќе може граѓаните да пријавуваат криминални и коруптивни дејствија.

„Гледам поедини центри на влијание како се вознемирени, а вознемирени се затоа што е тоа стар тендер, јавна набавка која ја водела претходната влада на СДСМ и ДУИ. Јас одлучив јавно да се борам со криминалот и корупцијата, и тоа е порака дека времето за криминалците во политиката заврши. Време е за чесни политичари кои го сакаат својот народ. И така ќе продолжиме. Сакам да отвориме една телефонска линија, и на таа линија граѓаните да пријавуваат криминал и корупција. Кај нас тоа е од пандемиски размери. Додека сум јас премиер, место за криминалците во политиката ќе нема. И затоа на секој еден именувам функциониран од ВМРО-ДПМНЕ му испраќам порака: Да го чуваш својот образ, и така ќе го чуваш мојот и на организацијата“, рече Мицкоски