Момче во џамија во Турција со нож избодело пет лица, го снимило нападот

0
108

Напаѓач во Турција со нож избодел пет лица кои седеле во дворот на џамијата во градот Ескишехир. За време на нападот тој носел шлем, маска и панцир. Две жртви се во критична состојба. Турската полиција го уапсила 18-годишното момче, јавува турската агенција Анадолу.