На длабочина од околу 20 километри: На Марс за прв пат е пронајдена течна вода

0
72

Научниците за прв пат открија течна вода на Марс – длабоко во карпестата надворешна кора на планетата. Наодите се резултат на новата анализа на податоците од лендерот Mars Insight на НАСА, кој слета на планетата во 2018 година.

Лендерот носел сеизмометар кој регистрирал 4 години вибрации – потреси на Марс – од длабочината на Црвената планета.

Анализата на овие потреси откри сеизмички сигнали за присуство на течна вода. Со мерење на брзината на сеизмичките бранови, научниците открија низ кој материјал најверојатно ќе патуваат.