На Дрина се преврте чамец полн со мигранти, се трага по седум лица

0
72

Во текот на ноќта на Дрина се превртел чамец со мигранти, кои се обиделе да ја преминат реката од Србија меѓу местото Дрлача во општина Љубовија и Орлица во општина Зворник.

„Утринава, околу 5 часот, Граничната полиција на Љубовија била известена од Граничните власти на Босна и Херцеговина, како и од локален жител, дека чамец на Дрина во текот на ноќта се превртел со нерегуларни мигранти кои се обиделе да ја преминат реката од Србија меѓу местото Дрлача во општина Љубовија и Орлице во општина Зворник“, изјави српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ