Татко и двајца синови завршија во притвор – се обиделе намерно да предизвикаат пожар кај Патишка река

0
50

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против татко и неговите два сина, за кои постои сомнение дека сториле кривично дело – Предизвикување општа опасност.

Тројцата соизвршители, со намера да предизвикаат општа опасност за животот и телото на луѓето или за имот од големи размери, на 9 август предизвикале пожар, полевајќи со запалива течност шумско земјиште покрај локален пат на местото викано Дупки, кај Патишка Река.

Со запалка запалиле нискостеблеста шума и суви треви. Опожареното земјиште е во државна сопственост, а постоела опасност пожарот да се прошири на поголемо подрачје нискостеблеста и високостеблеста шума, па дури и да зафати дел од Националниот парк “Јасен”.