Фрчкоски не е повеќе Амбасадор во Обединети нации – си поднесе оставка

0
63

Професорот Љубомир Фрчкоски поднесе Оставка на местото Амбасадор и Постојан претставник во ОН во Њујорк. Фрчкоски оставката ја поднесе на Претседателката Гордана Силјановска – Давкова и за тоа го Извести МНР.

Поранешниот министер за внатрешни работи, функцијата амбасадор во Њујорк ја извршуваше од 2021 година.

Фрчкоски неодамна беше повикан на разговор во МНР поради наводни финансиски нерегуларности во работењето на претставништвото, но разговорот со министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, се уште не е реализиран поради здравствени причини на Фрчкоски.

Во изјава за Либертас, Фрчкоски не смета дека оставката на било каков начин ке се одрази на функционирање во техничка смисла на Мисијата, но може да влијае на реализацијата на проектот „Промоција на дијалог и медијација со цел превенција на геноцид и сличните злосторства (воени злосторства и злосторства против човештвото)