Вселенската патријаршија ја повикува Католичката црква да го слави Велигден на православниот датум

0
73

Заеднички датум за прослава на Пасхата помеѓу Православната и Католичката црква бара Вселенската Патријаршија во соопштението што го објави по одржабиот Собор на Архиереи на Всленската патријаршија.

Во соопштението стои дека следната година се поклопуваат датумите за прославата на Велигден, а воедно е и одбележување на 1700 години од Соборот во Никеја и дека тоа е добар момент Западната и Источната црква да продолжат заеднички да го слават Христовото Воскресение и тоа според пресметките на Православната црква.

-Во својот завршен говор, Неговата Сесветост ја потсети чесната Јерархија дека во црковната година која започнува, кон крајот на Мај 2025, во Никеја Витиниска ќе се одржи свечена прослава за навршувањето 1700 години од свикувањето на Првиот Вселенски Собор таму, со лично присуство на Сјатејшиот Папата на Рим Франциск. Навремено, сегашниот Синаксис на Јерархијата на Престолот беше посветен на тој историски јубилеј – настан којшто се изрази преку избор за централна слоган на годинешниот Синаксис од химнолошкиот стих од Вечерната од Неделата на Светите и Богоносни Отци собрани во Никеја најпрво, кои помеѓу другото се позанимаваа и со прашањето за одредување на датумот за славењето на Пасхата: „тие божествени догмати последувајќи ги, цврсто верувајќи ја обожуваме, …во едно Божество, Троица едносуштна“. Во тој дух, заеднички се изразува желбата за заедничка прослава на Пасхата за време на следната година од Источното и Западното Христијанство, да не биде само едно случајно поклопување, но почеток за воспоставување на заеднички датум за славење секоја година, согласно Пасхалијата на нашата Православна Црква, стои во соопштението на Вселенската патријаршија.

Од соопштението на Вселенската патријаршија јасно се чита дека повикот за заедничка прослава на Велигден е за датум кој се одредува според православните начела, иако некои проруски сателит структури се обода да спинуваат дека повик за заедничка прослава на Велигден бил откажување од правослвните принципи.

ЗОШТО КАТОЛИЦИТЕ И ПРАВОСЛАВНИТЕ ГО СЛАВАТ ВЕЛИГДЕН ЧЕСТОПАТИ НА РАЗЛИЧНИ ДАТУМИ

Воскресението Христово Велигден (Пасха) е подвижен празник во христијанството. Неговото одредување е според три критериуми.

Велигден секогаш е слави во првата недела после пролетна рамноденица, по полна месечина и по Пасха (Еврејскиот парзник).

Православната црква смета дека првата недела после пролетна рамноденица и по полна месечина мора да биде и по еврејската Пасха.

Додека пак Римокатоличката црква смета дека првата недела после пролента рамноденица и по полна месечина може да биде и неделата која се паѓа за време на еврејската Пасха.

Еврејскиот празник Пасха се слави осум дена. Почнува секогаш во сабота и завршува со следната Сабота. Првиот ден од неделата е недела.

Тајната вечера се случила за време на Пасха. Четвртокот меѓу две саботи. И од тие причини Римокатоличката црква смета дека и неделата (денот меѓу две саботи) може да биде Велигден.

Православната црква смета дека Воскресението се случило после Пасха, бидејќи еврејската Пасха завршува со сабота, а неделата на Воскресението не може да биде неделата меѓу две саботи, бидејќи Велики Четврток е по таа недела. И затоа Православната црква го слави Велигден неделата после следната полна месечина.

Заеднички се поклопува датумот само тогаш кога првата недела после пролетна рамноденица и по полна месечина ќе се падне по еврејскиот празник Пасха. Така ќе биде 2025 година. Еврејската Пасха почнува на 12 април, а завршува на 19 ноќта. Неделата 20 Април е Велигден.

Извор Религија.мк