Малолетник загина по пад од катна гаража во центарот на Скопје

0
93

Петнаесетгодишно момче загина вчеравечер по пад од катна гаража во центарот на градот.

Како што информираат од МВР, безживотното тело на момчето било пронајдено на улицата до катната гаража „Разловечко востание“ која се наоѓа пред Градскиот трговски центар (ГТЦ) во Скопје.

На терен биле полициски екипи кои извршиле увид за утврдување на деталите и причините за овој трагичен настан.

Од МВР нема детали за трагедијата, и се уште не е познато дали станува за несреќен случај или самоубиство.