Меџити: Законот за бранители нема да помине

0
70

Првиот вицепремиер Изет Меџити објави дека Законот за бранители нема да помине во Собранието откако патеничката од СДСМ, Славјанка Петровска поднесе Предлог-закон за бранителите со кој се предвидува зголемување на надоместокот по степен на попреченост од 1.200 евра како максимална месечна вредност, на 82 илјади евра доколку степенот на инвалидност е 100 проценти како еднократен надомест.

Милионерите од Фронтот – ДУИ, потомците на Комунистичката партија на Југославија – СДСМ и претставниците на фашистичката левица – ЛЕВИЦА, ги здружија силите за да ги реализираат предупредувањата за дестабилизација на државата и поттикнување етнички тензии. Со оваа цел тие денеска на дневен ред во Собранието го внесоа предлогот за законот за бранители. Нашите пратеници се против дополнување на законот за бранители без закон за привилегии на припадниците на УЧК“, напиша Меџити.

Меџити ги праша ДУИ дали Законот за бранители е обид за поттикнување меѓуетнички тензии и дефокусирање на вниманието на јавноста од фрапантно криминално богатење на челниците на ДУИ.

„Ги потсетувам милионерите од ДУИ дека со гласовите на нивните министри, (поранешната) влада ја финансираше одбраната на Тарчуловски во Хаг. За време на нивното владеење неколку пати беше воведен закон за бранители; а уште полошо – истиот закон е договорен во владините структури на ДУИ, само за да можат бранителите да уживаат разни привилегии, дури и онаа на бесплатни студии на Универзитетот во Тетово што војниците на УЧК го платија со крв.“