На денешен ден пред петнаесет години потона бродот „Илинден“ во Охридското Езер

0
99

Поминаа петнаесет години од трагедијата во која загинаа 15 бугарски туристи при потонувањето на бродот „Илинден“ во Охридското Езеро.

Денеска се навршуваат 15 години од потонувањето на бродот „Илинден“, при што загинаа 15 туристи од Бугарија.

Несреќата се случи на 5 септември 2009 година, во 10.33 часот, кога на околу 200 метри од брегот на езерото кај автокампот „Елешец“ се преврте и потона туристичкиот брод „Илинден“.

Притоа загинаа 15 од 56 патници, туристи од соседна Бугарија, кои патуваа на излет во Свети Наум.

По бројните реакции во јавноста годиниве наназад, конечно беше изработено и поставено ново спомен обележје на загинатите бугарски туристи кои настрадаа при потонувањето на бродот „Илинден“.

Споменикот е поставен веднаш до пешачката патека, после мостот, а околу него треба да никне и новиот парк на розите.