Не патувам во Брисел да го презентирам планот, туку фрустрацијата на македонскиот народ, вели Мицковски

0
38

Не патувам во Брисел да го презентирам планот, сакам да ја пренесам фрустрацијата на македонскиот народ која е огромна ова утринава го изјави премиерот Христијан Мицкоски пред да отпатува за Брисел со министерот за надворепшни работи Тимчо Муцунски кои денеска и утре треба да се сретнат со европските претставници и да разговараат за уставните измени и правното толкување на заклучоците на Eвропскиот совет во кои се наведува дека Македонија нема да продолжи во втората фаза од преговорите за членство без уставни измени за впишување на Бугарите во него.

Премиерот рече дека дека ќе го отвори прашањето за избегнување на билатерализацијата преку институциите на ЕУ.