Почина родилка во Куманово

0
19

Во Општата болница Куманово синоќа починала 31-годишна родилка, потврдија денеска од Министерството за внатрешни работи, Општа билница Куманово и Јавното обвинителство.

Од СВР Куманово информираат дека синоќа во 21.35 часот директорот на Општа болница Куманово пријавил дека на Одделението за гинекологија во болницата починала 31 – годишна родилка од Куманово.

Увид извршиле екипа од СВР Куманово и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата било дадено на обдукција.

Се очекуваат дополнителни информации во текот на денов и од останатите надлежни институции