Православните христијани слават Мала Богородица

0
20

Православните христијани во земјава денеска го слават Рождество на Пресвета Богородица, празник познат како Мала Богородица. Во сите храмови на Македонската Православна црква изутринава се одржуваат литургии.

Во пресрет на празникот пред храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ свечено беше пречекана иконата на Пресвета Богородица – Троеручица од Света Гора.

Се одржа празнична вечерна богослужба, а потоа и литија со иконата низ центарот на Скопје.

Иконата беше донесена од игуменот на манастирот „Хиландар“, архимандритот Методије, во придружба со уште неколкумина светогорски монаси и свештеномонаси од скопската епархија.