Радев: Нека биде јасно, посетата на претседателката Сиљановска-Давкова не беше ниту државна, ниту работна

0
81

Се огласи и претседателот на Бугарија, Румен Радев по повод неистакнувањето на македонското знаме при посетата на Гордана Сиљановска-Давкова, што предизвика големи реакции во јавноста.

Нека биде јасно, ова не беше ниту државна, ниту работна посета и се надевам дека во блиска иднина претседателот на Република Северна Македонија ќе оствари државна посета, која ќе биде со сите официјални церемонии по протокол, и тоа ќе придонесе и за нашите односи“, изјави денеска Румен Радев , кој истакна дека средбата во Софија била конструктивна и со добар тон, додавајќи дека имал покана за посета на Северна Македонија.