Скопјанец се обидел да силува жена на улица во Кисела Вода – Обвинителството отвори истрага

0
50

Поради опасност од бегство, попречување на истрагата, како и можноста да го доврши кривично дело, Основниот кривичен суд Скопје на предлог на надлежниот јавен обвинител на осомничениот му одредил притвор од 30 дена

Основното јавно обвинителство Скопје донело наредба за спроведување истражна против 31-годишен скопјанец, кој е осомничен дека вчера нападнал жена во Кисела Вода и се обидел да ја силува.

Како што соопштија денеска од републичкото Јавно обвинителство, тој се товари за кривичното дело полов напад и силување во обид според член 186 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик (КЗ).

Според Обвинителството, жената била нападната додека пеш се движела кон нејзиниот дом.

„Откако го поминала пешачкиот премин на булеварот ‘Борис Трајковски’ во близина на Општината Кисела Вода, осомничениот ја зграпчил со двете раце и се обидел да ја одвлече кон споредна улица. Ја турнал и се обидел полово да ја нападне“,

се наведува во соопштението на Обвинителството.
Таа цело време се обидувала да се ослободи викајќи и барајќи помош, а осомничениот ја пуштил откако на местото почнале да се собираат луѓе.

Поради опасност од бегство, попречување на истрагата, како и можноста да го доврши кривично дело, Основниот кривичен суд Скопје на предлог на надлежниот јавен обвинител на осомничениот му одредил притвор од 30 дена.