Србин доби суспензија од пет месеци затоа што се прекрстил на ОИ во Париз!

0
37

Џудистот од Србија Немања Мајдов во текот на вчерашниот ден објави дека се соочил со суспензија од пет месеци бидејќи ги прекршил верските кодески во Париз.

Суспензијата Мајдов ја заработил затоа што се прекрстил пред да ја започне борбата и тоа било доволно за суспензија

Добив решение дека сум суспендиран на пет месеци од Светската џудо Федерација за прекршување на нивните религиозни кодекси. Поточно, казната е затоа што сум се прекрстил при влез на борбата на Олимписките игри. Во споменатиот период нема да можам да учествувам на турнири, кампови и подговки. Во мојот одговор не сакав да се извинвуам за прекрстувањето. Господ ми даде се за мојата кариера и лично за мене, тој е број 1 за мене и горд сум на тоа. Нема да има промени без разлика какви се околностите“, објави српскиот Олимпиец.

Инаку, Мајдов е екс-европски и светски шампион во категоријата до 90 килограми.