Старите возачки дозволи ќе важат до крајот на годинава, Тошковски апелира граѓаните да ги променат

0
57

Министерството за внатрешни работи ќе одговори на секој предизвик кој што ќе се постави пред него во рамки на неговите надлежности, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Според него, безбедносната состојба на државава не е загрозена до тој аспект да има потреба да се свика Советот за безбедност.

Во изјава за медиуми по денешната посета на пунктот за промена на лични документи „Пролет“ во Скопје, Тошковски рече дека доколку ги има безбедносни предизвици МВР ќе се справи со нив.

– МВР ќе одговори на секој еден предизвик којшто ќе се постави пред него во рамки на неговите надлежности.

Покажавме досега дека можеме да се соочиме со сите предизвици и да ги решиме соодветно, така ќе биде и во иднина. Во изминатиот период имаше информација за немири.

Дали ќе се справиме со нив – да, рече министерот.