АВТОПАТОТ КОН БЛАЦЕ ЗАВРШУВА ВО ДОЛ, ВЕЛИ МИНИСТЕРОТ НИКОЛОВСКИ

0
43

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски не ја исклучува можноста автопатот кон Блаце да претрпи измени во делот каде што се предвидени голем број тунели со што би се намалила вредноста која според извештајот на техничкиот надзор со анекс на договорот би порасналa на 300 милиони евра.

Николоски рече дека ова е можно решение по проверката на две можни варијанти за продолжување на изградбата на автопатот кои се разгледуваат со кредиторот Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) .

Едната варијанта е да се оди со постојна процедура и да видиме кои цени ќе ги добиеме. Ако се потврди варијантата дека ќе чини 300 милиони евра, како што вели техничкиот надзор, ние нема да се согласиме, а мислам дека и банката не би сакала да фрла толку пари на ваков проект. Втората варијанта е да се направи нов проект кој ќе биде изводлив и поевтин. Веќе е фрмирана комисија која ќе работи на физибилити студија со промена на проектот и таа треба да покаже колку ќе чини таа варијанта – рече Николоски.

Тој кажа и во кaква состојба сега е патот.

– Сега има два километра автопат кој завршува во дол, дупка и не се поврзани со ништо. Јас сакам да изградиме автопат. Состојбата е во процес на претквалификација. Допрва треба да се избере изведувач. Во меѓувреме стигнато е писмо од техничкиот надзор кој го избра кредиторот ЕБРД во кое се информира дека изведбата на проектираната траса ќе го зголеми чинењето на проектот на 300 милиони евра и дека е потребен анекс. Тоа е многу за толку кус автопат. Ние ќе градиме автопат кој е изводлив и реален. 300 милиони евра е нереално за овој автопат – рече Николоски и повтори дека владата не се откажува од изградбата на овој автопат.