Бугарски „Фактор“: Не постои училиште во Пловдив за полагање ТОЕФЛ, што го наведе директорот на АНБ, Христовски

0
35

Нова сенка се појави на тврдењето на шефот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски, дека положил тест по англиски јазик ТОЕФЛ во Пловдив, Бугарија, откако излегуваат податоци дека на адресата која тој ја посочил не постои школа за изучување јазици.

Во официјално објавената биографија на Бојан Христовски стои дека тој се стекнал со сертификат за владеење на англиски јазик според системот ТОЕФЛ откако го положил испитот со 75 поени на 26 март 2022 година во јазичното училиште Language School Julia Cо.LTD во Пловдив.

Но проверката на новинарите од бугарскиот медиум „Фактор“ покажала дека во Пловдив не постои овластен центар за полагање и издавање на меѓународно признат сертификат за ТОЕФЛ, а според регистерот на училиштата во Бугарија нема ни училиште со називот Language School Julia Cо.LTD.

Познавањето на странски јазик, особено англискиот, е еден од клучните услови за да се стигне не само до врвна функционерска позиција во безбедносните структури како АНБ, туку и за пониски работни места во хиерархијата. Прашањето што сега се поставува е дали Христовски претставил лажен документ за положен испит по англиски јазик. А тоа е казниво кривично дело според законите на Македонија