Вреди“ контра Перински – „Академијата може да се финансира од општините“

0
55

Претставници на коалицијата „Вреди“ тврдат дека општините имаат законска можност да ја финансираат Албанската академија на науки и уметности. Ова следува откако министерот за локална самоуправа Златко Перински истакна дека Законот за локална самоуправа не дозволува парите да се трошат на иницијативи кои не се во основната надлежност на општината. Сепак, од Вреди не го менуваат ставот Тетово, Чаир, Желино и Гостивар да одвојат средства за Академијата. Секретарот на Општина Чаир, Фарук Невзати, се повикува на Законот за научно-истражувачка дејност.

Законот за научно-истражувачка дејност предвидува дека единиците на локалната самоуправа (општините) имаат право да финансираат научно-истражувачка дејност, во членот 49 став (1): Средствата за финансирање на научно-истражувачката дејност се обезбедуваат од Буџетот на Република Северна Македонија согласно со целите и приоритетите утврдени во Националната програма, како и со развојните програми од јавен интерес за Република Македонија и од други извори: меѓународните програми и фондови, единиците на локалната самоуправа…“, вели Фарук Невзати.

Градоначалникот на Липково од редовите на ДУИ, Еркан Арифи, истакна дека тие воопшто не биле запознаени со ваквата идеја на колегите од „Вреди“. Од партијата претходно истакнаа дека Академијата била првично презентирана како тело на национално ниво и нема да дадат поддршка за невладина организација