ГАЗДИ ДО РАБОТНЦИТЕ- ИЛИ ПОТПИШИ ИЛИ “ЛЕТАШ” ОД РАБОТА

0
158

Газди од над 40 тина приватни компании им вршеле притисок на вработените да не се приклучуваат во Синдикални организации или ако веќе се членови, да излезат, обвинува КСОМ. Во некои фирми ги принудувале на нотар да потпишат изјава дека доброволно се откажуваат, а тие што не сакале – заработиле отказ.

Од Конфередација на синдикални организации бараат итна средба и помош од Владата, а ако не се вразумат газдите – ќе протестираат пред фирмите.

– Ќе побараме средби и помош од премиерот, но и со Организацијата на работодавачи. Газдите велат дека не им чинат работниците, дека не се продуктивни, дека се неспособни, а од друга страна се жалат дека немаат кадар и нема кој да им работи. Ако не се смени ситуацијата – јавно ќе ги објавуваме имињата на фирмите и ќе протестираме пред нив, изјави Марјан Ристески, претседател на КСОМ

Сакаме да седнеме со работодавачите и стопанските комори и да разговараме, бидејќи не може нив ништо да не им чини во државата, а даваат минимални плати и ја изигруваат обврската за исплата на К-15. Капиталот, коморите, работодавачите и синдикатите што беа досега се највиновни што сме доведени во ваква состојба. Тие се навикнати само да се жалат, а ние како работници не добиваме ништо, потенцира Ристески.

Една од причините за спречување Синдикално здружување, според КСОМ, е да не се потпишат Колективните договори, со кој ќе се бара зголемување на платите во приватниот сектор, согласно порастот на трошоците за живот и просечната плата. Исто така, ќе се спречи и праксата со години работниците да работат со договор на дело како хонорарци, без да имаат никакви права или да добиваат К15 од само 100 денари. Вака, вели Ристоски, се урива имиџот на државата и за неколку години може да останеме без кадар.

ИЗВОР СИТЕЛ