Го извикале од дома, а потоа го застрелале: Арачинoвeц хоспитализиран со прострелна рана во ногата

0
57

42 годишен маж од Арачиново синоќа бил повикан да излезе од својот дом, а потоа врз него било пукано од огнено оружје.

По инцидентот со повреди здобиени од огнено оружје бил хоспитализиран на скопските клиники.

Министерството за внатрешни работи излезе на местото на настанот и пронајде две чаури.

Засега, нема информации за идентитетот на напаѓачот, ниту за причините кои довеле до овој насилен инцидент.

Во тек на истрага за утврдување на околностите и можните мотиви за инцидентот.

Случајот предизвика загриженост во локалната заедница, бидејќи настани од ваков вид создаваат страв и неизвесност.

Меѓувреме, властите апелираат до граѓаните да не прибегнуваат кон насилство и да ги пријавуваат сите сомнителни активности.