Едно лице повредено во Чаир, во него пукано од возило

0
22

Едно лице е повредено вечерва во скопската општина Чаир откако во него било пукано од возило „пасат“. Повредениот е однесен во Градската општа болнуца „Наум Охридски“.

Од Министерството за внатрешни работи вечерва информираа дека случајот е пријавен во 20:20 часот.

– На 05.10.2024 во 20:20 часот пријавено е дека на улицата „Цветан Димов“ во Скопје има повредено лице од огнено оружје. Според пријавеното, во повредениот е пукано од возило „пасат“, се вели во информацијата од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.