Муртезани „ќе им дели црвени картони“ на колегите од Владата кои нема да се заложат за Реформската агенда

0
40

Црвен, жолт и зелен картон ќе им дели министерот за евроинтеграции Орхан Муртезани на неговите колеги од Владата, за исполнувањето на Реформската агенда од Планот за раст со ЕУ, од кој Македонија по принципот “реформи за пари” до 2027 година треба да добие 750 милиони евра.

Првиот дел, од 52 милиони буџетска поддршка треба да стигнат до крајот на годинава откако најдоцна за две недели Собранието ќе ги рарифукува потребните договори посочи Муртезани на брифингот на кој го презентираше Планот за раст.

Македонија во следните три години ќе треба да спроведе конкретни реформи во 5 области, да се донесат 37 реформски закони и стратегии и тие да се спроведат низ 137 конкретни мерки.