Пратка со оружје за Израел донесено од Македонија спречено да се натовари на брод на грчко пристаниште

0
28

Десетици членови на грчкиот синдикат на пристаништето го блокираа товарењето на контејнер со муниција наменета за Израел во знак на протест против војната во Газа, изјавија во петокот за Ројтерс претставници на крајбрежната стража и синдикатот.

Контејнерот, кој пристигна во грчкото пристаниште Пиреа во четвртокот, имаше 21 тон муниција, изјави еден од синдикалците за Ројтерс кој сакаше да остане анонимен. Муницијата бил транспортирана со камион од Северна Македонија и требала да биде натоварена на брод со знаме на Маршалските острови за Израел.

Пред инцидентот, синдикатот на пристанишните работници ги повика работниците да протестираат и да ја блокираат испораката на оружје и муниција што ќе се користат во војната во Газа.

„Време е гласно да кажеме дека нема да дозволиме пристаништето Пиреја да стане воена отскочна даска“, стои во нивната изјава објавена на Фејсбук. „Се бориме за мир…не за учеството на Грција во војната!