,Помилуван е ексградоначалникот на Битола Владимир Талески

0
35

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го помилуваше Шенол Маслани, брат на познатиот Шенки кој од глава до пети е облечен во „Версаче“. Освен него, помилуван е и ексградоначалникот на Битола Владимир Талески, дознава „Скопје1

Полицијата го гонеше Шенол Маслани дека е дел од 12 члена група која се заканувала на полицаец, се занимавала со дрога, поседувала оружје. Шенол Маслани во 2019 година беше уапсен во голема полициска акција кога полицијата заплени пушки, пиштоли, луксузни автомобили, пари и дрога

Владимир Талевски-Двојче беше осуден за случајот „Транспортер“. Со одлуката на претседателката доби намалување за една година.

Помилување од три месеци доби и Марјан Ефремов, но не е познато дали е ова осудениот во случајот „Шпион“, предмет кој се однесуваше за шпионирање во корист на разузнавачки структури.