Членка на Комисијата за помилување била и „хонорарец“ во ФФМ

0
70

Арлинда Кадри Шахиновиќ, член на Комисијата за помилување, која ја тресе голем скандал во изминативе неколку дена, била ангажирана и во Фудбалската федерација на Македонија, дознава Нетпрес.

Кадри Шахиновиќ, своевремено, добила ангажман во ФФМ наводно лично од претседателот Муамед Сејдини. Според засега непотврдени информации, нејзиниот хонорар изнесувал 30.000 денари месечно.

Таа ја извршувала функцијата Претседавач на Комисијата за жалби во ФФМ.