Силното невреме, проследено со дожд и јужен ветар, кое денес ја зафати Црна Гора создаде проблеми во сообраќајот, поплавени се бројни објекти, а локалните служби за заштита и спасување интервенираат на теренот.
Пожарникарите соопштија дека припадниците на службите за заштита се на терен од 4 часот наутро и дека имале голем број интервенции.
Пожарникарите велат дека луѓето се на сите страни.