Берлин очекува да се одржи дадениот збор за Скопје, порача Хајко Мас

0
91

Најмоќната членка на ЕУ уверува дека никој во Унијата не го доведува во прашање пристапувањето на Северна Македонија. Германија, преку својот шеф на дипломатијата, денеска во Скопје јасно порача дека местото на земјата е во Европа, и дека ќе го поддржи тој процес како и досега.

Хајко Мас вели дека Берлин очекува да се одржи дадениот збор и за Скопје, но и за Тирана, образложувајќи дека безбеден и сигурен Балкан е стратешки интерес и на Германија и на Унијата.

Германскиот министер за надворешни работи смета дека барањето на Франција за промена на методологијата на пристапување во никој случај не смее да биде услов за натамошните евроинтеграции на државата.

„Се изготуваат предлози, но се` уште немам видено конечен документ. За нас, за Берлин е важно предлозите да не предвидуваат некој клучна промена дека се менува нешто клучно. Реформата на овој процес е сложено прашање за ЕУ. Сметам дека Северна Македонија и Албанија се длабоко навлезени во процесот на пристапување и дека треба да има одлука за почеток на преговори. Подготвени сме да зборуваме за промени во методологијата. Но, не сакаме оваа дебата што ќе се води во ЕУ да биде услов за Северна Македонија да почне преговори“, изјави Мас.