Најмалку 24 лица загинале во западна Кенија во поплавите предизвикани од поројните дождови, соопштија властите. Во областа Западен Покот, локалнте власти изјавија дека 12 лица загинале во лизгање на земјиштето во селото Ниарклијан, а четворица други се водат како исчезнати во селото Паруа. Петмина загинале кога нивниот автомобил бил зафатен од поројот, откако две реки се излеале од коритото.
Повеќе од милион луѓе во Источна Африка се погодени од поплави од дожд. Меѓународниот комитет за спасувањесоопшти дека многу луѓе сè уште се опоравуваат од претходните силни суши. Сега се очекува дека дождовите да траат уште четири до шест недели во Сомалија, Јужен Судан и Кенија.