ВО СЛОВЕНИЈА РАЗОРУЖАНИ ПРИПАДНИЦИ НА „ШТАЕРСКАТА СТРАЖА“

0
201

Словенечката полиција во близина на Кршко разоружала повеќе лица, припадници на таканаречената „Штареска стража“ на контроверзниот Мариборчанец Андреј Шишка, кои во последните недели за време на викендите патролираат во делови од границата со Хрватска, барајќи илегални мигранти.

Словенечката телевизија ПОП-ТВ информира дека тоа се случило во утринските часови кога членовите на оваа група имале собирање во ловниот дом Планина, кај селото Побожје.

Веста за медиумите ја потврди Антон Штубљар од Полициската управа Ново Место, задолжен за овој сектор од границата, пренесе Хина.

-Полицијата забележела вооружена група лица, со маскирни униформи. За 41 лице е извршена проверка на идентитетот, а на седуммина им е одземено оружјето, па е упатено на анализи, изјави Штубљар.