Гинекологија остана без струја

0
79

Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје синоќа останала без струја,откако дошло до прекин на електрична енергија во градската мрежа.

– Она што е недозволиво е да не се вклучи агрегатот. Сето време додека во околина немаше струја во станбените згради, куќи ист беше случајот и на Клиниката. Тоа  е несфатливо, некој мора да одговара, вели нашиот извор.

Но, не станувало збор само за операции кои биле во тек, туку и на бебиња во инкубатор.

-Сето тоа време беа загрозени животите на бебињата во инкубатор и оние кои се респиратор, додава изворот.