Собранието ќе одлучува Јовески целосно да го преземе СЈО

0
101

Законот за јавнообвинителска служба со кој се решава статусот на вработените во СЈО конечно се најде на дневен ред на собранието.

На седницата на 11 декември по предлог на пратеници од СДСМ и ДУИ ќе треба да се овозможи државниот јавен обвинител Љубомир Јовески да може да ги потпишува налозите за сите трошоци на СЈО, вклучително со платите на вработените.

Со ова на Јовевски му се дава надлежност и врз истражителите во оваа институција. Измените долго време се чуваа во фиока поради тоа што пратениците од мнозинството не можеа да се договорат. Во меѓувреме вработените не можа да земат плата а не беа платени ниту сметките за струја вода кирија, а се ставаше во прашање и безбедноста на прислушкуваните разговори. Инаку оваа институција, има мандат до септември следната година, со можност за продолжување за по една година, за што би одлучувал парламентот со двотретинско мнозинство. Мандатот на Јанева како специјален обвинител, пак, беше со 15 септември годинава, но таа ден претходно беше разрешена од функцијата поради нестручно, несовесно и незаконско работење.