Денес, кога Северна Македонија гради едно општество за сите свои граѓани, припадниците на турската заедница се значаен и конструктивен дел од тоа наше заедничко општество.
Наши истакнати сограѓани од турската заедница го даваат личниот, значаен придонес во развојот на нашиот мултикултурен и мултиетнички мозаик.
Почитта кон другиот и поддршката за секоја заедница да го негува и чува мајчиниот јазик е од огромно значење зашто ги обединува луѓето.
Тоа е голема вредност, тоа е европска вредност, се вели во честитката објавена на ФБ профилот на премиерот Заев.