Грабар-Китаровиќ планира времето во иднина да го посвети во заштита на жените, децата и ранливите категории граѓани од насилство.
За порталот 24часа.хр, таа изјави дека и по изборите се чувствува добро.
– Кога една врата ќе се затвори, друга ќе се отвори. Се гледам како се занимавам со заштита на слабите, ја промовирам заштитата од насилство врз жените и децата, но и врз животните, изјави Грабар-Китаровиќ за порталот.