СДСМ САМИ ЗА ПОНИШТУВАЊЕ НА ЛУСТРАЦИЈАТА – НЕ ДОБИЈА ПОДДРШКА НИТУ ОД ДУИ, НИТУ ОД ВМРО-ДПМНЕ

0
81

Прекината работата на собраниската комисија за политички систем и односи меѓу заедниците откако СДСМ остана сама и не успеа да собере кворум за гласање на Поништување на лустрацијата.

По неколку одлагања и паузи откако најпрвин ВМРО-ДПМНЕ побараа присуство на министерката Десковска која не се појави на комисијата, претседателот Кирацовски на пресконференција информираше дека покрај ВМРО-ДПMНЕ и пратениците од ДУИ но и од Демократската партија на Турците решиле да не дадат поддршка на ова законско решение па повика на партиски консултации на повисоко ниво.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак со обвинувања кон СДСМ дека сакале да ги задоволат како што велат само своите идеологии. Велат остануваат на ставот дека ќе ги искористат сите правни лекови против овој предлог на СДСМ.