Боки 13 и Кичеец околу 35 минути се задржале во домот на Камчев, по што излегуваат со торбата “луј витон”

0
96

На денешното судско рочиште за случајот “Рекет” се гледаат снимки кои до обвинителството ги достави сведокот Орце Камчев.

Снимките траат по десетина секунди, а се обезбедени од неколку камери поставени во домот на Камчев.

На 20 февруари, во домот на Камчев сам доаѓа Зоран Милевски Кичеец, а потоа си оди. Вториот пат, во 15 и 34 часот доаѓа во придружба на Бојан Јовановски. По триесетина минути, односно точно во 16.10 часот, двајцата гости излегуваат од домот на бизнисменот Камчев, а Кичеец во раката носи торба “луј витон”. Откако излегуваат, влегуваат во портаколовиот џип на Кичеец, марка “тирок” а тој торбата ја остава на задното седиште, појаснуваше обвинителката Ивана Трајчева.