Груби: Очекувам Беса и Алијансата за Албанците да гласаат за законот за ЈО

0
98

Beќе не преговараме за обезбедување двотретинско мнозинство за законот за јавно обвинителство, тие што се определиле за тоа ќе гласаат“ – изјави денеска пратеникот на ДУИ Артан Груби и најави дека најверојатно гласањето ќе биде закажано за утре. Груби сепак очекува да дадат поддршка и помалите партии од албанскиот блок како Беса и Алијансата за Албанците, кои претходно изјавија дека нема да гласаат за закон во кој гледаат обид за амнестија на криминалот.

„Јас се надевам дека и тие што рекоа дека нема да гласаат, како Беса и Алијансата за Албанците, ќе го дадат својот глас за, да обезбедиме двотретинско мнозинство, да го усвоиме овој закон и да продолжиме да чекориме кон ЕУ, да им го дадеме секое можно оправдување на земјите членки да ни доделат датум за преговори.“

рече Груби.

Тој изрази задоволство за измените во Изборниот законик кои вели, биле во насока да се исполнат препораките од ОБСЕ.

„Апсолутно никогаш Изборниот законик не бил услов за кој било друг закон да биде усвоен во ова Собрание, туку тоа беа сосема паралелни процеси кои се одвиваа со месеци наназад и со волја и ангажмам на сите политички партии.“

– истакна Груби.