Барди: Мајка ми е Косовка, но јас ќе дадам сѐ од себе да победи Македонија!

0
79

Македонскиот репрезентативец Енис Барди се очекува да биде еден од неколкумината клучни играчи на патот кон вистинскиот крем – Евро 2020.

Тој во интервју за косовската ПриштинаТ7, го даде следниов одговор во врска со престојниот натпревар со Косово.

„Македонија ми даде шанса на 19 години да дебитирам и јас сум ѝ благодарен, како и на сите луѓе кои многу ми помогнаа. Нè чека пресметка со Косово, а за мене ова ќе биде многу емотивен меч. Мојата мајка е од Косово, јас сум внук на Косово, ама на терен ќе играм за Македонија и ќе направам сè за да победиме. Ние играме за успех, а играњето со Македонија на Евро 2020 е еден од тие цели, заедно со настапите за Леванте“, вели Барди во интервју за косовска „Приштина Т7“.