Загреб погоден од нов посилен земјотрес, во серијата од 60-ина потреси

0
129

Околу 20,49 часот во понеделникот нов потрес со мајгнитуда од 3,2 по Рихер е почувствуван во хрватската престолнина Загреб, ден по силниот удар во кој едно дете го загуби животот а уште триесетина лица беа повредени

Според подацотеи на Европскиот медитерански сеизмолошки ценатар (EMSC), епицентарот на вечлерашниот земотрес кој траел неколку секунди бил на длабочина до 10 километри. Епицентарот е регистриран на 20 километри западно од Загреб и три километри источно до Брегана.

Станува збор за еден од низата 60-ина потреси кои од неделата утрото го погодија Загреб.

Вчерашниот главен подземен удар во 6 часот утрото, беше со магнитуда со 5,5 по Рихтер и беше проследен од уште два исто така силни.

Во овој потрес животот го загуби 15-годишно девојче кое во понеделникот им подлегна на повредите, а повредени се уште 27 лица.