Центарот за јавно здравје во Гостивар повторно работи

0
113

Подрачната единица на Центарот за јавно здравје Гостивар од денеска повторно е отворена. Минатиот петок, здравствените власти привремено ја затворија, откако на тестирање еден вработен бил позитивен на Ковид19. Дваесетината вработени беа подложени на повторните тестирања кои се покажале како негативни.

Од гостиварскиот центар за јавно здравје за МИА потврдија дека од утрово тие се на работа и ги извршуваат работните обврски. До отварањето, обврските на епидемиолошката служба и микриобиологија на подрачната единица на Центарот за јавно здравје во Гостивар беа покриено со соодветен кадар, додека вработените беа во изолација.

Епидемиолозите во Гостивар изминативе денови извршија над 120 тестирања и спроведуваа епидемиолошки анкети. Деновиве во функција беше ставен и пункт за земање брисови во некогашниот центар за хемодијализа.

Извор АлсатМ