Латас повторно на суд за викендиците: „Ова е одмазда од Зоран Заев!“

0
98

Апелацискиот суд ја укина ослободителната пресуда за новинарот Драган Павловиќ – Латас. Случајот „Тревник“ одново ќе се суди во Кривичниот суд. Освен Латас, во овој предмет на поранешното СЈО, обвинети се и неговите двајца браќа, за бесправно градење на три викенд куќи во скопско Зелениково. Кривичниот суд, одлуката на Апелација ја добил вчера.

Детали зошто повисокиот суд одлучил да ја укине ослободителната пресуда засега нема.

Пред апелациските судии, потврдување на ослободителната пресуда, побарало и Вишото обвинителство кое побарало жалбата на СЈО да се одбие. Според Латас, укинувањето на пресудата е одмазда.

„Ова го сметам за лично политичка одмазда на Зоран Заев кој како што е познато, има апсолутна контрола во Апелацискиот суд. И тој и државниот обвинител Јовевски и пред одлуката на Апелација, веќе пред година дена ја изрекоа оваа пресуда и пред Апелација формално да ја изрече. Апелација пресуди спротивно од ослободителната пресуда и спротивно на препораката на Вишото обвинителство, а согласно барањата на Зоран Заев“, вели Латас.

Ослободителната пресуда за случајот Кривичен ја изрече на 4 јули лани. Образложението беше дека праксата покажала оти ако постои дивоградба и во текот на кривичната постапка таа се легализира, обвинението се повлекува. Латас беше обвинет дека изградил три викендици, една за себе и две за браќата, на периферијата на Скопје без дозвола за градба. Освен во „Тревник“, тој е обвинет и во случајот „Тотал“ за даночно затајување. И двата предмети ги отвори СЈО врз база на прислушуваните разговори.

Извор АлсатМ